ПОЧЕТНА Некатегоризирана Првото големо признание за Лука Дончиќ во НБА

Првото големо признание за Лука Дончиќ во НБА

сподели

Во екот на завршницата на лигата, избрана е најдобрата петорка составена од кошаркари кои се прва сезона во неа.

Во нив свое место најде и словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ кој е и најсериозен кандидат за признанието за дебитант на годината.

Покрај него се уште Тре Јанг, Диандре Ејтон, Марвин Бегли и Џерен Џексон. Јанг и Ејтон му се ривали за наградата за дебитант на годината.

Во втората најдобра петорка се најдоа Колин Секстон, Шаи Александер, Лендри Шамет, Кевин Уертер и Мичел Робинсон.