ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прва победа на Струмица на домашен терен

Прва победа на Струмица на домашен терен

сподели

Дури во 13. коло, екипата на Струмица ги израдува своите навивачи и накратко го препушти последно место на прволигашката табела.

Првиот што падна во салата Парк е Карпош Соколи кој е совладан со 86:71 иако разликата можеше да биде многу поголема ако се знае дека по 30 минути игра домаќините водеа со 23 поени.

Победникот се знаеше уште во првото полувреме кое Струмица го доби со 41:27. Во вториот дел продолжи истата игра, Карпош Соколи се обидуваше да намали, но во тоа успеа дури во финишот.

Делипетров и Цветков беа најдобри поединци кај струмичани. Првиот постигна 25 поени и седум скока, а вториот заврши со 12 поени, девет скока и седум асистенции. Капитенот Најдовски го предводеше Карпош Соколи со 15 поени.