ПОЧЕТНА Евролига Прва победа за Ѓетиќите, Турците славеа во Пиреја

Прва победа за Ѓетиќите, Турците славеа во Пиреја

сподели
euroleague.net

Будуќност стигна до првиот триумф во Евролига, со позитивниот резултат на дуелот против Басконија со 99:84.

Црногорската екипа погоди 21-на тројка и го урна рекордот на Евролига, за првата победа во ова натпреварување по скоро 16 години. Домашните имаат 1/6, гостите со петтиот пораз во низа имаат 2/5.

euroleague.net

Фенербахче во последните секунди извојува победа на гостувањето кај Олимпијакос, со 72:73. Турската екипа сега има 6/1, додека грчката падна на 3/4.

Аплицирајте веднаш за

Грчкиот интернационалец Костас Слукас имаше 20 поени за победникот, во дуелот со неговата поранешна екипа. Костас Папаниколау имаше 18 поени, за домашните.

euroleague.net

Реал Мадрид преживеа тежок испит против Химки, со победа од 79:74 во дуелот со руската екипа. Кралевите немаат пораз по 7 кола, а најдобар стрелец за домашните беше Керол со 15 поени.

Алексеј Швед на играше за гостите поради грип, а во негово отсуство Малколм Томас беше најдобар стрелец со 13 постигнати поени.

euroleague.net

Армани Милано славеше кај Дарушафака во Истанбул со 92:98, рушејќи го клупскиот рекорд со 18 тројки. Италијанскиот шампион нема пораз на три гостувања, за вкупен скор 5/2.

Мајк Џејмс беше лидер со 21 поен и 5 асистенции. Кај домашните, кои што имаат скор 1/6, најдобар беше Мајкл Ерик со 16 поени.