ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПРВА ЛИГА: Недисциплинираните во аут?

ПРВА ЛИГА: Недисциплинираните во аут?

сподели
фото: архива

Комесарот за натпреварување при МКФ, во последниот билтен за машкото сениорско натпреварување во Македонија, најави дека екипите што нема да ги подмират долговите, нема да го играат следното коло.

Екипите кои имаат звездичка доколку до 01.11.2018 година (четврток) не ги подмират своите финансиски долгувања ке се примени член 51.6 од Пропозициите за натпреварување, односно екипите ке немаат право на настап и натпреварите ке ги изгубат со службен резултат. – стои во документот на МКФ.

Аплицирајте веднаш за

Екипите што се опоменати се АВ Охрид, МЗТ Скопје, Гостивар, Фени и Шкупи.

Следното коло (5) во нашиот шампионат, е закажано за 3 и 4 ноември, екипата на Работнички е слободна.