ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Првата љубов не се заборава

Првата љубов не се заборава

сподели

МЗТ Скопје му гостува на Вардар во третото коло од Првата лига. Навидум, меч на Давид и Голијат, но за еден човек има специјално значење.

Првпат во својата тренерска кариера Ѓорѓи Кочов ќе излезе против тимот каде почна да го пече овој занает. Прво како помошник, потоа како главен тренер.

“Вардар е клуб кој секогаш ми буди убави спомени, клуб кој ми даде огромна шанса да се афирмирам како тренер.

Да не беше Вардар и да не добиев таква шанса, можеби никогаш нема да се занимавам со оваа професија.

Голем дел од играчите кои ќе настапат на овој меч ги трениравме заедно со Велев и Радуловиќ. Знам дека тие ќе имаат посебна инспирација да се покажат во што подобро издание и очекувам убав натпревар”, вели Кочов за basketball.mk.

Аплицирајте веднаш за

МЗТ Скопје има набиена агенда, игра на секои 3-4 дена на 2 фронта. Победите се задолжителни, без разлика кој е противникот.

“Носталгично сум врзан за Вардар, но во исто време сум професионалец и во мечот ќе влезам максимално мотивирано и без сентименталност.

Ги предупредив играчите дека Вардар е млада и полетна екипа, игра брза кошарка и мора да го дадат максимумот”, додава младиот стручњак.