ПОЧЕТНА НБА Првата ѕвезда ќе го бојкотира НБА драфтот?

Првата ѕвезда ќе го бојкотира НБА драфтот?

сподели
Washington Post

На неодамнешната лотарија за претстојниот драфт во НБА лигата, првиот пик, однонсо правото да бира прва, го доби екипата на Њу Орлеанс Пеликанс. Тоа може да биде причината, првиот играч што би требало да биде избран, да се врати во колеџот Дјук.

Наводно, не потпишувал договор со ниту еден агент или со некој производител на опрема, затоа што Зајон Вилијамсон (за кого се прогнозираа дека ќе биде првиот пик) чекал да види која екипа ќе го добие правото да бира прва, а посакувал тоа да бидат Никс или Булс.

Сфаќајќи дека не му се исполниле очекувањата, центарот може да избере да се врати во колеџ програмата, на што има право затоа што се уште нема никаков професионален договор, шпекулира ЕСПН.