ПОЧЕТНА Евролига По 13 години, евролигашката елита се враќа во Атина

По 13 години, евролигашката елита се враќа во Атина

сподели

Како што стојат работите, трет пат во четири години, завршницата од Евролигата ќе се игра на Балканскиот полуостров.

Во 2017 година домаќин беше Истанбул, оваа година се играше во Белград, а најавено е дека во 2020 година ќе се одржи во грчката престолнина.

Информацијата уште не е официјално потврдена, но ваквиот епилог го најави специјализираниот кошаркарски портал Eurohoops.net.

Аплицирајте веднаш за

Последен пато Атина беше домаќин на Ф4 од Евролигата во 2007 година кога Панатинаикос предводен од Жељко Обрадовиќ во финалето ја совлада ЦСКА. Завршниот турнир од оваа сезона ќе се игра во шпанскиот град Виторија.