ПОЧЕТНА НБА Почнува новата НБА сезона, кои се фаворитите?

Почнува новата НБА сезона, кои се фаворитите?

сподели

Најквалитетното кошаркарско натпреварување се враќа во акција, со мечевите меѓу Бостон Селтикс и Филаделфија Сиксерс во 2:00 часот по полноќ, односно шампионот Голден Стејт Вориорс и Оклахома Сити Тандер во 4:30.

Прв фаворит за освојување на титулата и оваа сезона, е екипата на Вориорс. Следуваат Бостон и Хјустон, на кои што им се дава идентична шанса.

Лос Анѓелес Лејкерс се следни на листата, пред се поради доаѓањето на Леброн Џејмс во составот на екипата од Градот на ангелите.

Аплицирајте веднаш за

Словенечкиот интернационалец и трет пик, Лука Дончиќ од Далас е најголемиот фаворит за најдобар дебитант, пред првиот пик на драфтот, Деандре Ејтон од Феникс.

За МВП кандидати се издвојуваат Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, односно Јанис Адетокумбо и Џејмс Харден.