ПОЧЕТНА Избор на уредникот Почит од соседите: МЗТ Скопје му ја честиташе европската титула на РК...

Почит од соседите: МЗТ Скопје му ја честиташе европската титула на РК Вардар

сподели

По примерот на најголемите европски и светски клубови, МЗТ Скопје денеска му честиташе на РК Вардар за освоена титула во Лигата на шампионите.

Како што е редот, соседите, со кои РК Вардар ја дели арената “Јане Сандански”, први се јавија од македонските спортски колективи и на “црвено-црните” им посакаа уште вакви моменти во иднина.

„Почитувани спортски пријатели,
Од се срце ви го честитаме историскиот успех за клубот и за македонскиот ракомет, освојувањето на шампионскиот пехар во Лигата на шампионите, со што ги разгаливте срцата на сите спортски вљубеници кај нас. РК Вардар е пример како треба да изгледа една успешна спортска приказна, а вашиот успех е доказ дека се може да се оствари со напорна работа, вистинска стратегија и со луѓе кои се докажани професионалци и кои го сакаат клубот.
Ви посакуваме и понатаму да продолжите да чекорите по победничките патеки, како и да уживате во плодовите на својата напорна работа. Вие сте гордост на Македонија и пример кој треба да го следат сите спортски колективи кај нас“, пишува во честитката од МЗТ Скопје.

Ние само би додале дека посакуваме во иднина да се израдуваме на ваков успех и на кошаркарски план.