ПОЧЕТНА ФИБА Почина генералниот секретар на ФИБА

Почина генералниот секретар на ФИБА

сподели

Неочекувано, светската кошаркарска организација остана без својот прв човек. Во Буенос Аирес почина Патрик Бауман, генералниот секретар на ФИБА.

Се претпоставува дека причина за смртта е срцев удар, но многу работи ќе бидат појасни по обдукцијата.

Аплицирајте веднаш за

Бауман беше во ФИБА од 1994 година, следната година беше именуван за заменик на тогашниот генерален секретар Борислав Станковиќ, а на 1 јануари 2003 година ја презеде неговата функција. Одлично ја извршуваше, поради што ФИБА го награди со договор до 2031 година.

Смртта го затекна додека присуствуваше на младинските Олимписки игри во аргентинската престолнина.

Меѓу другото, Бауман ќе остане запамтен по неговиот придонес за 3х3 кошарката, дисциплина која од 2010 година е дел од младинските Олимписки игри, а во Токио 2020 ќе биде инаугирирана и на сениорските Олимпијади.

Сите натпревари под покровителство на ФИБА претстојната недела ќе почнат со минута молчење во чест на починатиот Бауман.