ПОЧЕТНА Во позадина Почеток на крајот – Грците ја растураат Евролига?

Почеток на крајот – Грците ја растураат Евролига?

сподели
Навивачите на Панатинаикос носат маски со ликот на Јанакопулос, во знак на поддршка за претседателот на омилениот клуб.

Играчите на Панатинаикос одбија да стојат мирно на химната на европското континентално натпреварување Евролига, како што е тоа правило за стартните петорки пред секој натпревар.

На мечот со Басконија (80:76) тие беа крај својата клупа, а навивачите ја исвиркуваа химната. Причина е едногодишната забрана што ја доби нивниот газда, поради „испад“ на социјалните мрежи.

Евролига, во официјалниот извештај за натпреварот на својот официјален портал euroleague.net, воопшто не го спомена овој инцидент што го приредија играчите, ако за однесувањето на публиката може и да се прогледа низ прсти. Навивачите на Звезда, на пример, постојано ја надгласуваат химната пред секој натпревар.

Аплицирајте веднаш за

Сигурно е дека оваа ситуација нема да заврши вака, односно во наредните денови се очекува да се огласи дисциплинското тело на најквалитетната европска меѓународна лига.

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос најави референдум и гласање дали неговиот клуб ќе остане дел од елитното натпреварување, или ќе истапи од УЛЕБ.

Ќе решат навивачите, а право на глас преку СМС порака на 12. и 13. февруари имаат сите што поседуваат сезонски билети, или имале дневни билети последните три сезони.

Макаби ја слави титулата, освоена 2001-та во француската престолнина, откако претходната година загуби од Панатинаикос во финалето во Солун.

Ако Панатинаикос истапи од Евролига, најверојатно „детелинките“ ќе се вратат во некогашната матична организација ФИБА, што е единствениот логичен исход. Прашање е дали ќе го следат и други екипи?

Во првата сезона кога паралелно се формира Евролига, а во финалната серија шампион беше Виртус Киндер со 3:2 против Тау Керамика Виторија, Панатинаикос во Париз загуби од Макаби во последното Фајнал фор финале на Супролига, претходно Купот на европските шампиони, под капата на ФИБА.