ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Поранешен играч на Цедевита и Цибона во АВ Охрид

Поранешен играч на Цедевита и Цибона во АВ Охрид

сподели
фото: ohridnews.com

Во пресрет на продолжението од сезоната во домашното првенство, АВ Охрид се засили со плејмејкер од Хрватска.

Мартин Јунаковиќ веќе се приклучи на тренинзите на новиот тим кого за само два дена го очекува нов настап во АБА 2 против Борац во Чачак. Игра на плејмејкерската позиција, во кариерата бил член на Цедевита и Цибона, а и на младинската репрезентација на Хрватска.

Ако продолжи со настапите од последната полусезона, АВ Охрид може да се надева на убави работи. Како член на Загреб, Јунаковиќ просечно постигнувал по 29 поени по натпревар, па со право од него се очекува да биде вистинска замена за Реми Бери.