ПОЧЕТНА НБА Пораз и достигнување за Леброн, Лу оди во аут

Пораз и достигнување за Леброн, Лу оди во аут

сподели
cleveland.com

Најдобриот кошаркар на денешницата го помина на вечната листа на стрелците Дирк Новицки, но неговата екипа загуби од Сан Антонио во една од западните дерби пресметки (110:106).

Леброн Џејмс имаше 35 поени, сега тој е 6-тиот стрелец на сите времиња во најсилната кошаркарска лига, зад Џабар, Мелоун, Брајант, Џордан и Чембрлен.

Експертите предвидуваат дека, ако остане здрав до крајот на кариерата, Кралот со ова темпо може да стане и најдобриот срелец на сите времиња во НБА лигата.

Резултати на 28-ми октомври (ESPN)
Аплицирајте веднаш за

По лошиот старт на сезоната, односно по 6 загубени натпревари од исто толку одиграни, Кливленд реши да за заврши соработката со тренерот што му ја донесе шампионската титула (2016).

Кавалирс и Тајрон Лу веќе не се заедно, на неговото место привремено ќе седи Лери Дру кој што го менуваше и минатата сезона, кога Лу беше болен и не можеше да ја води екипата.