ПОЧЕТНА Евролига Поразот што Олимпијакос не смееше да го доживее

Поразот што Олимпијакос не смееше да го доживее

сподели

Гран Канарија, која одамна е без шанси за пласман во плеј-офот од Евролигата, му нанесе тежок и болен пораз на поранешниот европски шампион.

Тимот од Пиреја загуби со 90:67 и си нанесе сериозен удар во борбата за едно од местата кои водат во разигрувањето за титулата од елитното европско кошаркарско натпреварување.

Четири екипи во моментов имаат по 14 победи, но Басконија, Милано и Панатинаикос се со натпревар помалку. Во ова коло Милано го пречекува ПАО, а Басконија е домаќин на Реал Мадрид.

За да се пласира во плеј-офот на Олимпијакос му се потребни победи против Жалгирис и Дарушафака во последните две кола, но и порази на ривалите.

Натпреварот на Канарските острови го одбележа Ериксон кој постигна 24 поени, вклучувајќи шест тројки. Кај Олимпијакос немаше многу расположени играчи, најефикасен беше Вебер со 13 поени.