ПОЧЕТНА Евролига Поразот од Реал ја прели чашата, Пасквал пред отказ

Поразот од Реал ја прели чашата, Пасквал пред отказ

сподели

Претседателот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос повторно е во центарот на вниманието во грчката спортска јавност.

Неговиот тим загуби од Реал со 89:68 во последното коло од Евролига, што предизвика бес кај контроверзниот газда.

Медиумите кај нашиот јужен сосед објавија дека тој донел одлука да ги казни кошаркарите и стручниот штаб, но тоа е само почеток на она што може да им се случи ако нешто не се смени во догледно време.

Аплицирајте веднаш за

ПАО има максимален ефект во домашното првенство, но во Евролигата не му оди најдобро и по 13 натпревари оствари само 6 победи и 7 порази, поради што се наоѓа вон плеј-оф зоната на првите 8 екипи, односно на десеттото место.

Во следното коло, Панатинаикос го пречекува Армани кој што е осмопласиран и со идентичен биланс, но ако Панатинаикос не победи, тренерот Чави Пасквал речиси сигурно ќе добие отказ.