ПОЧЕТНА Во позадина Поразот на Кливленд во финалето на НБА чини – 20 шлаканици

Поразот на Кливленд во финалето на НБА чини – 20 шлаканици

сподели

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ доби добра животна лекција.

Американскиот репрезентативец е голем фан на Леброн Џејмс и пред почетокот на минатата сезона во НБА лигата се обложил на титула Кливленд Кавалирс со својот поискусен соиграч Марко Ројс. Она што го доби потоа пече повеќе отколку да загубил десет милиони долари. На почетокот на подготовките за новата сезона, Ројс пред сите фудбалери од тимот му удрил 20 шлаканици на Пулишиќ.

Болат шлаканиците од Ројс – Кристијан Пулишиќ

Веројатно пред да се обложи следниот пат, 18-годишниот Американец со хрватски корени добро ќе размисли.