ПОЧЕТНА Во позадина ПОЛИТИКАТА И СПОРТОТ: Делије ја напуштат Звезда!!!

ПОЛИТИКАТА И СПОРТОТ: Делије ја напуштат Звезда!!!

сподели
hotsport.rs

Најверната навивачка група на српскиот и регионален шампион и учесник во Евролига, истакна транспарент по натпреварот со Олимпијакос во кој што нивната екипа ја забележа првата историска победа во меѓусебните соочувања, со порака дека нема да доаѓа на натпреварите додека во составот е Ален Омиќ.

Споменатиот играч е словенечки интарнационалец, кој што е роден во Босна и Херцеговина. Проблемот, најверојатно, за навивачите на Црвена звезда, е од политичко-национална природа, поради војната што Србија ја имаше со Босна и Херцеговина по распадот на СФР Југославија.

StarSport, b92.net

Благодариме за титулите и за радостите, но додека игра кој што не треба, не сметајте на нас, се вели во пораката упатена до раководството на Црвена звезда, од страна на навивачите (насловна фотографија). Претходно, во текот на натпреварот беше истакнат транспарент со директни навреди кон Омиќ.

Делије не доаѓаат на натпреварите на регионалната АБА лига, затоа што за нив таа лига „не постои“. Своевремено, познат беше слоганот на Делије, од кој што подоцна проникна и навивачка песна – Звезда, Србија, никад Југославија!

Во овие ситуации се поставуваат неколку прашања:

Кој ја меша политиката со спортот?

Кога ќе се забрани истакнување на политички транспаренти од каков било тип, на трибините и кога ќе им се стави до знаење на навивачите (пример Делије) и на спортските колективи (пример Барселона) дека спортот и политиката не одат заедно?

Дали Ален Омиќ е човек, пред се, а потоа кошаркар и спортист, или политичар и војник?

Дали навивачите на Црвена звезда се навивачи на спортски колектив и дали го сакаат својот клуб, без оглед на се?

Што требаше да направат навивачите на Панатинаикос, кога турскиот интернационалец (Грција и Турција се во константни конфликти поради Кипар и другите острови во Средоземното море) Ибрахим Кутлај играше за ПАО?

Што треба да направат Французите и Германците, кои што со векови војувале, а во нивните екипи (пример Рибери, Сањол, Лизаразу, Папен во Баерн) играат и едни и други?

Зошто им се дозволува на навивачите да ги држат спортските колективи како заложници?