ПОЧЕТНА Други првенства Полека кулминира првата 3х3 сезона во Македонија

Полека кулминира првата 3х3 сезона во Македонија

сподели
Баду 3х3 ја победи Кантина во двете последни финалиња, во Гевгелија и во Пробиштип.

Успешно завршија првите четири турнири од првата комплетна сезона во нашата земја, во олимпискиот спорт кој што ќе дебитира на ЛОИ 2020 во Токио.

Нашите баскетџии стануваат се посериозни, конкуренцијата е се поголема. Сепак, се уште доминира нашата прва и највисокорангирана екипа.

„И последниве два турнира, како и изминатите, поминаа во одлична организација, супер атмосфера и пред се дружење и фер-плеј. Тимот на Баду 3х3 успешно ги заврши турнирите во Гевгелија, односно Пробиштип, на двата освојувајќи го првото место во солидна конкуренција.

Момент од финалето во Гевгелија.

Следи кратка пауза, а потоа со поголема желба и мотив ќе настапиме на преостанатите турнири што следуваат на нашата територија. Нашата приказна продолжува, сакаме да се знае од каде доаѓаме – репрезенти после мостот.“ – вели капитенот на Баду 3х3, Виктор Серафимовски.

Директорот на АМС, Дарко Каевски и градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков.

Задоволството е огромно кај сите – организаторот, публиката, помагателите, спонзорите и претставниците на локалната самоуправа, кои што сесрдно се вклучија во овој проект.

„Поминавме добар продолжен викенд за македонските баскетџии. Успеавме во 4 дена да организираме два големи турнира во два различни града. Среќен сум што со секој нов турнир добиваме најмалку по една сериозна 3×3 екипа која што ќе се занимава сериозно со овој спорт.

Публиката уживаше во секој момент!

Изненадени сме пријатно, од посетеноста на турнирите. Голема благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Македонската Кошаркарска Федерација, локалните самоуправи и спонзорите што веруваат во овој проект.

3×3 караванот продолжува, се гледаме во Свети Николе на 15-ти септември и на големиот завршен турнир во Скопје на 22-23 септември во срцето на градот.“ – изјави за basketbal.mk, Драган Караџовски, претседателот на здружението 3х3 Баскетбалл.