ПОЧЕТНА Интернационалци „Покер“ од Димитријевиќ за Реал, убедлив пораз на Хувентуд

„Покер“ од Димитријевиќ за Реал, убедлив пораз на Хувентуд

сподели
фото: Joventut

Лидерот во шпанското првенство ја продолжи победничката серија со триумфот на гостувањето во Каталонија. Хувентуд е совладан со 84:66 и Реал уште е со убедлива предност од три победи пред второпласираната Барселона.

Натпреварот беше решен уште по првата четвртина која “кралскиот клуб” ја доби со 26:6, а по 30 минути игра на семафорот стоеше 68:43. Во финишот Хувентус успеа нешто да намали, но далеку од доволно за да избегне пораз.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ помина 15 минути во игра и за тој период постигна четири поени, три скока и две асистенции. По овој пораз Хувентуд влезе во зоната за испаѓање и го очекува тешка битка за опстанок до крајот на сезоната.