ПОЧЕТНА Некатегоризирана Познати кандидатите за МВП… и за уште пет признанија!

Познати кандидатите за МВП… и за уште пет признанија!

сподели

НБА лигата ги одреди финалистите во изборите за сите индивидуални признанија во основниот дел од сезоната.

За она најважното – најкорисниот играч ќе се „борат“ Јанис Адетокумбо од Милвоки, Џејмс Харден од Хјустон и Пол Џорџ од Оклахома.

Адетокумбо и Џорџ, но заедно со Руди Гобер од Јута конкурираат за наградата за најдобар дефанзивец во лигата.

За најдобар шести играч кандидати се Лу Вилијамс и Монтрез Херел од Лос Анџелес Клиперс, како и Домантас Сабонис од Индијана.

Во конкуренција за дебитант на сезоната, очекувано, се Лука Дончиќ од Далас, Тре Јанг од Атланта и Диандре Ејтон од Феникс.

Наградата за тренер на годината ќе ја добие Мајк Мелоун од Денвер, Мајк Баденхолцер од Милвоки или Док Риверс од Лос Анџелес Клиперс.

Паскал Сијакам од Торонто, Диерон Фокс од Сакраменто и Дианџело Расел од Бруклин се кандидати за играч со најголем напредок.

Прогласување на најдобрите во сите категории ќе се одржи на 24 јуни, повеќе од два месеца по завршувањето на основниот дел од сезоната.