ПОЧЕТНА НБА Повторно Јанис и Харден

Повторно Јанис и Харден

сподели
фото: Bucks

Двата кандидата за МВП на сезоната беа лидери на своите екипи во првите победи во доигрувањето, со што ја пренесуваат формата и ја продолжуваат одличната сезона и во плеј-офот, во атакот на трофејот.

Јанис Адетокумбо имаше 24 поени со 17 скока, 4 асистенции и 1 украдена топка за само 23 минути игра, а негов е и потегот на вечерта во изборот на НБА лигата.

Џејмс Харден регистрира 29 поени (од кои 12 во ударите за три поени), зачинети со 10 асистенции и со 8 прифатени топки.

Милвоки победи против Детроит со 121:86, Хјустон славеше против Јута со 122:90. Бројките кажуваат се. Бакс и Рокетс водат со по 1:0 во првата елиминациска рунда, до 4 победи.