ПОЧЕТНА НБА Повторно се разгоре војната меѓу Турција и Кантер

Повторно се разгоре војната меѓу Турција и Кантер

сподели
twitter

Љубителите на кошарката во најголемата балканска држава нема да можат да ги следат дуелите на Портланд Трејл Блејзерс во финалето на Западната конференција, против шампионот Голден Стејт.

Причина за тоа е Енес Кантер, односно неговиот статус на предавник што му го додели претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Сопственикот на телевизијата С Спорт, која ги има правата на преноси на натпреварите од НБА лигата, одлучи да не ги пренесува дуелите на Портланд, за да не се доведе во непријатна ситуација, односно да не го налути „таткото на државата“.

Тоа не беше толку забележливо во текот на сезоната бидејќи имаше други натпревари во големи количини. Но, овде станува збор за конференциско финале, дуелите се играат на два дена и победникот ќе се бори за титулата во НБА лигата.

„Коментаторите не смеат ни да го спомнат моето име за време на преносите, тоа е пример за диктаторски режим“, изјави Кантер кој неодамна се пожали и на Твитер профилот на НБА во Турција.

Тогаш излезе како победник, централата на лигата ја раскина соработката со вработените во Турција и постави нови луѓе, но и тие не се многу наклонети кон кошаркарот на Портланд.

Во основниот дел на сезоната Кантер немаше голема минутажа, но тоа се промени откако се повреди стартниот центар Јусуф Нуркиќ.