ПОЧЕТНА А Репрезентација ПОВРЕДЕНИ: Крстевски и Теодор не играат, Тасовски на клупа

ПОВРЕДЕНИ: Крстевски и Теодор не играат, Тасовски на клупа

сподели
Нема ризикување - Џордан Теодор

Селекторот на македонската репрезентација Јорданчо Давитков се соочи со проблеми околу составот во пресрет на турнирот„Трофеј Македонија“ кој почнува денеска.

На неколку часа пред првиот натпревар против Португалија, од составот отпаднаа Џордан Теодор и Бојан Крстевски поради повреди. Теодор има повреда на задната ложа која ја влече од подготвителниот натпревар против Бугарија во саботата и селекторот не сакаше да ризикува со него. Крстевски, пак, доживеа воспаление на Ахиловата тетива и тој не тренираше од понеделникот.

Идентична ситуација како против Бугарија – Крстевски е вон конкуренција за настап, а Тасовски мора да внимава

Покрај нив двајца, Давитков ќе мора да внимава и на Диме Тасовски кој чувствува болки во коленото, но ќе биде во комбинација за настап вечерва против Португалија. Неговата состојба ќе се следи постојано и многу веројатно нема да ја добие минутажата од мечот против Бугарија во саботата.

Многу е слична ситуацијата и со плејмејкерот Бобан Стајиќ кој се повреди пред две недели. Пред два дена тој се врати на тренинзите за да ја зголеми ротацијата и конкуренцијата на својата позиција, но прашање е колку е подготвен за настап.

Одамна веќе надвор од тимот е Марко Симоновски кој ќе го пропушти претквалификацискиот циклус поради посериозна повреда. што ќе го оддалечи д терените до стартот на новата сезона.