ПОЧЕТНА ЕВРОПА Пешиќ е антибиотикот за Реал

Пешиќ е антибиотикот за Реал

сподели
фото: FC Barcelona

Откако српскиот стратег се врати на кормилото на вечниот ривал на кралскиот клуб, мадриѓаните немаат дерман од неговата филозофија.

Со последниот триумф среде шпанската престолнина, со 76:82, Барселона сезонава има четири меѓусебни победи во пет соочувања на сите фронтови.

https://twitter.com/FCBbasket/status/1109904026190139394

Томас Ертел кај гостите и Керол кај домаќините, постигнаа по 15 поени, а по 13 поени имаа Кајл Курич кај победникот и Серхио Љуљ кај поразените.

https://twitter.com/FCBbasket/status/1109914008830836736

Во битката за предност домашен терен во доигрувањето, Каталонците го задржаа врвот во АЦБ лигата со 20 победи и 4 порази, а Реал е на втората позиција со 18 победи и 6 порази.