ПОЧЕТНА Евролига Пешиќ ги искара Црногорците поради поранешниот македонски селектор

Пешиќ ги искара Црногорците поради поранешниот македонски селектор

сподели

Светислав Пешиќ доживеа неочекуван пораз на гостувањето кај Будуќност, но покажа дека е вистински џентлмен и застана во одбрана на својот сонародник Александар Ѓикиќ.

На прес-конференцијата по натпреварот меѓу Будуќност и Барселона, трофејниот стручњак остро ги нападна домаќините за обидот за смена на човекот кој пред неколку години ја предводеше македонската репрезентација.

„Сакавте да го смените тренерот што победува? Вие ќе го сменевте по два натпревара, а еве, ви покажа дека можеби не е лош тренер.

Па ви донесе титула, а вие му се свртевте по само два пораза. Замислете го тој безобразлук, човекот кој по толку години ви донесе титула во АБА лигата.

Да не победеше во Бар, ќе беше сменет. Не од газдата, туку од вас кои се знаете…“, зборуваше Пешиќ алудирајќи на новинарите и црногорската кошаркарска јавност која се сврте против Ѓикиќ по релативно неубедливиот старт на сезоната во која Будуќност доживеа тежок пораз од Звезда во АБА Супер купот и долго време не можеше да победи во Евролигата.

Аплицирајте веднаш за

Ѓикиќ го презеде црногорскиот вицешампион пред почетокот на минатата сезона и му ја донесе првата титула во АБА лигата иако во домашното првенство загуби од Морнар.