ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пеце џентлменски му честита на Перо

Пеце џентлменски му честита на Перо

сподели

Двете најголеми кошаркарски легенди и најуспешни македонски кошаркари во историјата направија смена на претседателската функција во КФСМ.

Петар Наумоски го заврши својот четиригодишен мандат, а на негово место дојде Перо Антиќ. Двајца кошаркари кои заедно имаат пет титули во Евролигата (вклучувајќи го Купот на европските шампиони).

Наспроти тензијата во нивната комуникација последните години, Наумоски сега џентлменски му честиташе на својот наследник, му го отстапи своето место и му посака среќа во работата.