ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПЕТРОВИЌ: Мекиќ и Стајиќ се полн погодок за Куманово

ПЕТРОВИЌ: Мекиќ и Стајиќ се полн погодок за Куманово

сподели
Серијата на кумановци тргна со доаѓањето на Адем Мекиќ

Победничката серија на Куманово во Првата кошаркарска лига коинцидираше со доаѓањето на двајцата поранешни играчи на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ и Бобан Стајиќ.

Откако тие е приклучија на тимот (прво дојде Мекиќ, а по десетина дена и Стајиќ), кумановци се во низа од пет победи кои го однесоа тимот на делба на четвртата позиција на табелата.

Бобан Стајиќ (4) одлично се вклопи во тимот и ги покажа сите свои квалитети.

Тренерот Александар Петровиќ го пофали потегот на управата која беше упорна и успеа да ги донесе двајцата репрезентативци.

„Голем и важен потег за Куманово беше ангажирањето на Мекиќ и Стајиќ. Тоа се двајца репрезентативци, млади кошаркари и имам голема доверба во нив. По нивното доаѓање се крена атмосферата во екипата, на тренинзите има еден поинаков дух и тоа се гледа на натпреварите.

Се разбира, не треба да ги заборавам другите, од капитенот Јанески, искусниот Караџовски и очекувам и по новогодишните празници да продолжиме со истите резултати. Имаме добар распоред, гостуваме кај Работнички и сметам дека можеме да прикажеме добра игра”, изјави тренерот на Куманово.