ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ПЕТРОВИЌ: Гостивар премногу рано поведе со 16 разлика

ПЕТРОВИЌ: Гостивар премногу рано поведе со 16 разлика

сподели

Два порази на почетокот од тренерскиот ангажман во Куманово, а потоа фантастична серија за искусниот тренер Александар Петровиќ.

Гостивар беше најсериозниот тест за кумановци во овој период, но екипата не потклекна и ја продолжија неверојатната серија. Заедно со Работнички и МЗТ Скопје, Куманово е третата екипа со максимален ефект на гостински терен оваа сезона.

Штерјов проработе во вистинскиот момент

„Лошо го отворивме натпреварот, некако во грч, бевме статични во напад и пасивни во одбрана. Противникот имаше контрола и на офанзивниот и на дефанзивниот скок.

Пресвртот се случи на полувреме кога во соблекувална се договоривме да го дадеме максимумот од себе. Знаев дека ќе им застане шутот ако продолжиме агресивно, го сменивме начинот на игра во одбрана и им реков на играчите да одиме на долги напади со многу движења.

Во последната четвртина тотално беше сменет пристапот и тоа даде резултат

Кога ни ја затворија надворешната линија почнавме да играме под кош каде тие можеби најсилни и имаат долга ротација, но најдовме начин како да ги пробиеме. Во последната четвртина одигравме како што се договаравме цела недела, исконтролиравме скок, на преземање имавме одлична комуникација и направивме многу отворени шутеви кои ги погодивме”, изјави Петровиќ за basketball.mk

Гостивар имаше предност од 16 разлика во втората четвртина, на почетокот од последниот период водеше и со десет, но Куманово не се предаде ни во тие моменти.

Гостивар не издржа 40 минути во исто темпо, а Куманово тоа го искористи

„Знаевме дека Гостивар нема доволен број кошаркари во ротацијата, ние, од друга страна имаме еден-двајца повеќе и тука ја гледам разликата на овој натпревар. Пред се Ковач, Стајиќ, Мекиќ… Очекував нивен пад бидејќи една петорка не може да игра во ист ритам цел натпревар.

Освен тоа, мислам дека тие многу рано поведоа со 16 поени разлика, брзо се вративме на десет и им кажав на кошаркарите дека ако дојдеме до десет, ќе имаме шанса за победа”, додаде искусниот стручњак.