ПОЧЕТНА Во позадина Перо и Српче седеа еден до друг. Најава?

Перо и Српче седеа еден до друг. Најава?

сподели

Нашиот прославен кошаркар и Градоначалникот на Општина Центар истовремено, можеби и заедно, дојдоа во Градски Парк да го проследат мечот меѓу Работнички и Куманово.

Тоа ги подгреа шпекулациите дека Перо Антиќ ќе го облече дресот на Работнички, екипата чиј што главен финансиер е скопската општина, во можната негова последна кошаркарска играчка епизода.

Оваа сезона, по враќањето минатата од Црвена звезда, поранешниот македонски репрезентативец не игра активно, но тренира редовно и ја одржува формата.

Се појавија информации дека тој се договорил со нашата најтрофејна екипа, но ништо не беше потврдено, ниту пак негирано, а неговото име го нема во регистрираните играчи на составот од Дебар Mаало.

По враќањето на титулата, актуелниот шампион донесе само македонски засилувања. Единствениот странец е бугарскиот интернационалец Чавдар Костов, кој што е тука веќе втора натпреварувачка година.

Ништо од ова не мора да биде точно, најавите може никогаш нема да се остварат, но присуството на Антиќ во македонските сали секогаш предизвикува внимание кај јавноста.