ПОЧЕТНА Во позадина Перо и Владо беа во Љубљана со Сани и Боштјан

Перо и Владо беа во Љубљана со Сани и Боштјан

сподели
eurohoops.net

Македонските кошаркарски легенди, се уште активниот (иако нема клуб) Перо Антиќ (36) и пензионираниот Владо Илиевски (38), беа дел од прошталниот меч на двете словенечки легенди.

ekipa.svet24.si

Бечировиќ (37) и Нахбар (38) решија заедно да стават точка на нивните кариери, а беа испратени од бројни колеги со кои што ги делеа клупите и паркетите во изминатите 20-тина години.

Спектаклот се одигра во салата Стожице, во словенечката престолнина.

ekipa.svet24.si
Аплицирајте веднаш за

Овие двајца кошаркари се поврзани со нашата земја, затоа што нивните кариери пламнаа по златниот медал освен на Европското U20 првенство што се одржа во Охрид (2000-та година).

На тој младински континентален шампионат, Словенија ја освои титулата во финалето против Израел, а Бечировиќ беше избран за МВП.