ПОЧЕТНА А Репрезентација ПЕРО АНТИЌ: По Евробаскетот 2011 ми се промени кариерата

ПЕРО АНТИЌ: По Евробаскетот 2011 ми се промени кариерата

сподели

Црвена Звезда, а со неа и Перо Антиќ, нема одмор за новогодишните празници. По натпреварот од Евролигата против Армани, следува дуелот со Олимпија АБА лигата, а потоа и против Жалгирис во елитното европско натпреварување.

Но, на крајот од минатата и почетокот на новата година, Антиќ е исклучително интересен за српските медиуми. Во интеврју за Блиц, тој, меѓу другото, откри како му се сменил животот по Европското првенство во 2011 година кога со македонската репрезентација дојде на само еден напад, еден кош до бронзениот медал.

„Отсекогаш имав желба да играм во НБА лигата. Повеќе сакав таму, отколку во Евролигата. По Европското првенство во 2011 година, кога мојата Македонија влезе во полуфиналето, потпишав договор со Мишко Ражнатовиќ и тогаш ми се смени кариерата.

Избравме помал договор од она што ми го нудеа во други клубови и заминав во Олимпијакос кај Дуда Ивковиќ. А, кога ќе ја поминеш школата на Дуда и на Жељко Обрадовиќ, тогаш се сериозен играч и сите големи тимови те бараат”, вели Антиќ.

По тоа четврто место во Литванија, Антиќ освои три титули во Евролигата, две сезони помина во НБА каде стигна до конференциското финале и на „стари години“ се врати во својот омилен клуб Црвена Звезда.