ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Перо Антиќ го послуша Лазар Лечиќ!

Перо Антиќ го послуша Лазар Лечиќ!

сподели
фото: mondo.rs

Кампањата за нов претседател на Македонската кошаркарска федерација полека почнува, засега се познати двајца кандидати, но не е исклучено оваа бројка да се зголеми.

Перо Антиќ и Владимир Темелковски веднаш по објавувањето на нивните кандидатури имаа жестока пресметка на ФБ.

„Летаа“ навреди, па во нивната комуникација се вмеша легендарниот тренер Лазар Лечиќ кој ги замоли да се однесуваат коректно и да внимаваат на своите манири.

Антиќ е првиот кој одлучи да го послуша. Во интервју за емисијата „Лица“ на 1ТВ, тој изјави дека такво нешто нема да се повтори.

*Изјавата на Антиќ на оваа тема е на 49-тата минута