ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Перо Антиќ во дресот на Гостивар!

Перо Антиќ во дресот на Гостивар!

сподели

На три дена пред почетокот на новата сезона, гостиварци организираа прием на кој, освен новинари, присуствуваат и високи функционери во македонскиот спорт.

„Бодеше очи“ картонската фигура на Перо Антиќ во дресот на Гостивар чиј најголем акционер е токму тројниот освојувач на титулата во Евролигата. Иако новата сезона е на прагот, нема потврда дали најтрофејниот македонски кошаркар по 18 години пак ќе заигра во македонското првенство.

Аплицирајте веднаш за

Гостивар оваа сезона влегува со нови спонзори, уште подобро организиран и со повисоки амбиции. Лани застана на петтата позиција и за малку не стигна до плеј-офот, но за оваа натпреварувачка кампања токму тоа ќе биде главната цел.

Постоеше можност екипата да игра и во БИБЛ лигата, но ја одби, со цел да се фокусира на домашното првенство.

Новата сезона гостиварци ја почнуваат на домашен терен против Кожув, уште еден клуб со високи амбиции кој, меѓу другото, се пријави и за настап во БИБЛ.