ПОЧЕТНА НБА Пеликанс се откажаа од првата ѕвезда, ама ќе го имаат најперспективниот тим...

Пеликанс се откажаа од првата ѕвезда, ама ќе го имаат најперспективниот тим во НБА

сподели
allucanheat.com

Кога во 2012 година Ентони Дејвис влезе во НБА лигата како прв пик на драфтот, екипата од Њу Орлеанс експресно беше вклучена меѓу фаворитите за шампионската титула во следните сезони.

Околу „веѓата“ требаше да се гради екстра тим, а раководството на франшизата беше исклучително амбициозно. Седум години подоцна, Пеликанс не само што не го освоија трофејот, туку само два пати влегоа во плеј-офот и поминаа едвај една рунда – лани, победувајќи го Портланд со 4:0 пред да загубат од Вориорс со 4:1.

Такво опкружување не е за Ентони Дејвис кој е играч за големи дострели, а не за просекот во НБА. Затоа беше разбирливо кога побара да си оди во текот на зимата и на сите уште тогаш им стана јасно, дека нема уште долго да остане во Лујзијана.

Раководството на франшизата тогаш не сакаше да слушне за трејд, но сега може да се разбере тактиката на сопственикот што не му дозволи веднаш на Дејвис да заине во Лос Анџелес.

фото: Keenan Hairston / Wikimedia Commons

Преговорите беа тешки, Лејкерс мораа да се откажат од тројца кошаркари, плус три пика на драфтот меѓу кои и четвртиот оваа година. Ова значи дека Пеликанс, на претстојниот драфт ќе го имаат првиот и четвртиот избор, а со тоа и можност да донесат двајца големи таленти, од кои едниот сигурно ќе биде Зајон Вилијамсон.

Ако нема некои промени, во новата сезона Њу Орлеанс ќе има една од најмладите стартни петорки во НБА лигата: Лонѕо Бол (22 години), Брендон Инграм (22 години), Зајон Вилијамсон (18 години), Џулиус Рендл (25 години) и Џру Холидеј (29 години).

Тука се уште 24-годишниот Џош Харт и четвртиот пик на драфтот кој нема да биде повозрасен од 22-23 години.

Сето ова ги прави Пеликанс најперспективен тим во НБА лигата и со малку трпение, за 3-4 години, со некое ѕвездено засилување, оваа екипа може да се бори за висок пласман, можеби и за титулата.