ПОЧЕТНА Евролига Пасквал, сепак, не го преживеа денот во ПАО

Пасквал, сепак, не го преживеа денот во ПАО

сподели

Во текот на денот беше најавено дека ќе добие уште една шанса, но трофејниот шпански стручњак, сепак, доби отказ.

Чави Пасквал повеќе не е тренер на Панатинаикос по поразот од Реал во Евролигата по кој грчкиот шампион остана надвор од плеј-оф зоната.

 

„Кошаркарскиот клуб Панатинаикос потврдува дека е прекината соработката со господинот Чави Пасквал, исклучителен човек и професионалец. Двете страни се согласија дека е најдобро да тргнат по свој пат.

Му се заблагодаруваме на Пасквал за професионалната работа во претходниот период и му посакуваме многу успех во иднина. Тој секогаш ќе биде наш пријател“, се вели во официјалното соопштение од Панатинаикос.

Рик Питино

Пасквал дојде во атинскиот клуб во 2016 година од Барселона. Дел од навивачите не можат да го разберат неговиот отказ бидејќи во двете сезони како тренер тој ги освои титулите во домашното првенство, во 2017 година и Купот на Грција, а во актуелниот шампионат е без пораз по осум натпревари и веќе го совлада најголемиот ривал Олимпијакос.

Неговото место на клупата на Панатинаикос ќе го заземе поранешниот предводник на Њујорк Никс и Бостон Селтикс, Рик Питино, еден од најуспешните колеџ тренери во САД и член на кошаркарската Куќа на славните.