ПОЧЕТНА Евролига Партизан уште ја сонува Евролигата

Партизан уште ја сонува Евролигата

сподели

Поранешниот европски шампион веќе пет години чека титула во српското првенство и шест во АБА лигата.

Доминацијата на Црвена Звезда го спречува да се врати во европската кошаркарска елита каде долго време имаше што да каже, а пред девет години учествуваше и на завршниот турнир во Париз.

„Црно-белите“ се далеку од генерацијата ’92, но и натаму се почитувано име во европската кошаркарска елита

Како што стојат работите и идната сезона нема да биде дел од Евролигата бидејќи доживеа елиминација од Црвена Звезда во полуфиналето на АБА натпреварувањето. Сепак, во „црно-белиот“ табор уште се надеваат на учество, а својот оптимизам го темелат на развојот на настаните во УЛЕБ Еврокупот.

„Нашите шанси за Евролигата не се тотално загубени, постои можност да добиеме специјална покана.

За такво нешто е потребно Валенсија да го освои Еврокупот и на тој начин да обезбеди пласман во елитата. Партизан со години играше успешно во Евролигата и заслужува таму да се врати“, изјави претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ.

Со МекКејлеб во составот, Партизан играше на Ф4 во 2010 година

Валенсија веќе обезбеди пласман во финалето од Еврокупот каде ќе се сретне со со Алба Берлин. Ако ја освои титулата ќе стане четврти шпански тим што ќе игра во елитата и со тоа ќе отвори едно слободно место кое УЛЕБ ќе може да го пополни со специјална покана.

Сепак, дури и во такви услови мала е веројатноста поканата да ја добие полуфиналист од АБА лигата, па макар тој бил и поранешен европски шампион. Ако ова натпреварување има предност, конкуренција на Партизан ќе биде поразениот финалист, особено ако тоа биде Црвена Звезда.