ПОЧЕТНА Евролига Партизан најмногу се израдува на маката на Војдан

Партизан најмногу се израдува на маката на Војдан

сподели

Алба е 17-тиот учесник во Евролигата идната сезона што значи дека останува да се дознае само уште една екипа што ќе биде дел од елитата. На тимот од Берлин му требаше пласман во финалето од домашното првенство бидејќи Баерн има загарантирано место во Евролига.

Ако не успееше, во елитното кошаркарско натпреварување ќе одеше Олденбург, а речиси сигурно специјалната покана ќе ја добиеше Алба. Вака, Евролигата ќе бара друг клуб кој ќе го почести.

Неофицијалните информации велат дека најмногу шанси за „вајлд-картата“ има белградски Партизан како поранешен европски шампион, заедно со една руска екипа: Уникс, Локомотив или Зенит.

„Црно-белите“ ја завршија сезоната во полуфиналето од АБА лигата, но одамна се спомнуваат како фаворити за „вајлд-картата“ иако по некоја логика предност пред нив треба да има Будуќност како вицешампион во регионалното натпреварување.

Конечната одлука ќе биде донесена кон крајот на јуни или почетокот на јули кога ќе се знае и распоредот за новата сезона во Евролигата.