ПОЧЕТНА МЛАДИНСКА КОШАРКА Партизан Мултишпед дели лекции!

Партизан Мултишпед дели лекции!

сподели
КФСМ

Една од ретките школи во Македонија која „продава“ играчи во странство, и на домашна сцена покажува како треба да се работи.

Во конкуренција на кошаркари до 15 години, Партизан Мултишпед, дел од школата Партизан Водно Санс, ја освои шампионската титула на завршниот турнир на кој овој клуб беше организатор, а се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Во финалниот меч ја победи Академија ФМП со 67:71, а а натпреварот го одбележа Виктор Стојковски.

КФСМ

За 37 минути тој постигна 30 поени и 24 (!) скока за индекс 39, убедливо највисок од сите кои се појавија на теренот. Со таков ефект очекувано беше Стојковски да биде прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир.

КФСМ

Титулата во оваа конкуренција дополнително добива на значење ако се знае дека последната година Партизан Водно Санс го напуштија тројца мошне важни кошаркари. Двајца од нив почнаа интернационална кариера: Симиќ замина во Барселона, а Трипуновски во Партизан Белград. Здравковиќ одлучи да ја смени средината и се пресели во Феникс.

Одличната работа на тренерите во школата се гледа и во другите категории. М18 екипата, предводена од Тони Симиќ, беше на чекор до златото во финалниот натпревар со МЗТ Скопје, но прими кош во последната секунда и за малку и избега трофејот. Раководството на клубот до крајот на сезоната очекува барем уште една титула во младинските категории.