ПОЧЕТНА Некатегоризирана ПАО декласиран во Германија, Химки победи со звукот на сирената

ПАО декласиран во Германија, Химки победи со звукот на сирената

сподели

Панатинаикос доживеа тежок пораз на гостувањето кај Бамберг со 74:95 што е трет неуспех за грчкиот тим во последните четири кола.

Домаќините почнаа многу подобро, рано направија предност од шест разлика, а на полувреме водеа со 42:32. ПАО се врати во игра во третиот период и навести драма во финишот од натпревар. Но, клучна беше последната четвртина која Бамберг ја доби со 38:19 и дојде до изненадувачки триумф.

Огастин Рубит со 26 поени го предводеше германскиот шампион, Дорел Рајт додаде 15, а Модо ло 11. Кај Панатинаикос, Калатес ја потврди одличната форма постигнувајќи 31 поен.

Химки во драматичен финиш дојде до победа против Уникаха со 68:66.

https://twitter.com/EuroLeague/status/959500606011518976

Еден од најлошите натпревари оваа сезона во Евролига беше решен буквално во последната секунда. При резултат 66:66, Алексеј Швед со тројка се обиде да му донесе победа на својот тим. Промаши, но одбиената топка ја дофати Ентони Гил кој од “американка” ја уфрли во обрачот за триумф на Химки.