ПОЧЕТНА Евролига Паника и принудно слетување на авионот на Жалгирис

Паника и принудно слетување на авионот на Жалгирис

сподели

Малку недостасувало успехот во Мадрид и пласманот во плеј-офот од Евролигата на литванскиот шампион да бидат заесенети со авионска несреќа.

Леталото со кое патувале кошаркарите на Жалгирис полетало од аеродромот Барахас, но неколку минути подоцна било принудено да слета во Гетафе поради проблеми со навигацијата.

Слетувањето не било лесно поради лошите временски услови во шпанската престолнина, но за среќа нема повредени.

Екипата остана во Мадрид и нема да се врати во Каунас најмалку уште 24 часа. Поради проблемите со летот откажана е прославата со навивачите кои ги чекаа на аеродромот за да го одбележат пласманот во уште еден плеј-оф.