ПОЧЕТНА Балкански лиги Панатинаикос и натаму е најдобар во Грција

Панатинаикос и натаму е најдобар во Грција

сподели

Најтрофејниот тим во грчкиот шампион ја одбрани титулата по триумфот во “мајсторката” против Олимпијакос.

ПАО славеше со 84:70 и со вкупни 3:2 дојде до 37. шампионска титула во домашното првенство.

И овој натпревар траеше премногу долго, вкупно 135 минути, а го одлучија Лоџески и Џејмс пред крајот на третата четвртина. Им се приклучи Никос Папас на почетокот од последната кога Панатинаикос поведе со 68:52.

Аплицирајте веднаш за

Џејмс заврши со 18 поени, Папас со 13, а Лоџески со 12. Кај Олимпијакос, МекЛин постигна 16 поени.

Панатинаикос и Олимпијакос повторно ќе бидат единствени грчки претставници во Евролигата каде оваа сезона не успеаја да стигнат до завршниот турнир.