ПОЧЕТНА Во позадина Падна рекордот, имаш уште лепче за јадење…

Падна рекордот, имаш уште лепче за јадење…

сподели
acb.com

Хуан Карлос Наваро е кошаркарот со најмногу одиграни Ел Класико дуели во историјата на шпанската лига.

Играчот на Барселона го помина на вечната листа Хуан Антонио Сан Епифанио, а од активните кошаркари најблиску до рекордот е Фелипе Рејес.

Само тројца од првите 10 со најмногу Ел Класико натпревари, во моментов се активни кошаркари, означени со болдирани букви.

Насловната фотографија е кадар пред почетокот на вечното дерби што се одигра во Мадрид, во кое што Барселона прва сезонава го совлада Реал, но Кралевите и натаму остануваат на првата позиција во АЦБ лигата.