ПОЧЕТНА Други лиги ОЧЕКУВАНО ФИНАЛЕ: Бадел и Вардар ќе бијат битка за пехарот!

ОЧЕКУВАНО ФИНАЛЕ: Бадел и Вардар ќе бијат битка за пехарот!

сподели
mkf.mk

Актуелниот и четирикратен шампион на Македонија, ќе се пресмета со должникот од Купот, во битката за титулата во македонското првенство.

Бадел славеше во полуфиналето против Струга со 2:0, а победникот во Купот до шанса за титулата стигна преку екипата на Пелистер со идентични 2:0.

Бадел и Вардар имаа по 1:0 пред стартот на полуфиналните серии, подади подобриот скор во текот на регуларниот дел од сезоната.

Аплицирајте веднаш за
Прва лига, полуфинале плеј-оф:

Бадел - Струга 92:50 (2:0)
Вардар - Пелистер 106:24 (2:0)

Во последните две финалиња во македонскиот шампионат, играат истите две екипи, Вардарки лани беа поразени со 3:0.

Ова, од друга страна ќе биде шанса за реванш и за екипата на Вардар, која што сепак ќе игра ослабена во двобојот за тронот.

По двете победи во Купот минатата и оваа година, црвено-црните девојки се надеваа(т) на ново изненадување, но отсуството на повредената Едина Муса може да биде пресудно во финалната пресметка.