ПОЧЕТНА ЕВРОПА Очекувавте да биде некој друг?

Очекувавте да биде некој друг?

сподели
VTB League

Рускиот мегапоентер ја освои наградата и за МВП на сезоната во ВТБ лигата, по одличјето за најдобар стрелец во актуелната сезона 2018/19. Играчот на Химки беше апсолутно најдобриот поединец, во текот на целата натпреварувачка година.

Иако паузираше поради повреда, неговиот ефект врз екипата во натпреварите што ги одигра, беше доволен суверено да го собере и ова признание. Со него на паркетот, Химки имаше скор 14/1, а без него 6/5.

Алексеј Швед имаше 22.8 поени по натпревар, најдобар +/- сооднос (12.9) кога е во игра, беше втор додавач (6.9) и четврти по ефикасност (19.5). Ова му е втора најграда за најкорисен играч во регионалната лига, по она во 2017-та.