ПОЧЕТНА Некатегоризирана ОФИЦИЈАЛНО: Алимпијевиќ ја плати цената на модерниот спорт

ОФИЦИЈАЛНО: Алимпијевиќ ја плати цената на модерниот спорт

сподели
StarSport, b92.net

Под притисок на резултатите и „стручната“ јавност, 32 годишниот стратег спогодбено се раздели со екипата на Црвена звезда.

Тој и претходно поднесе оставка, по поразот од Будуќност во финалето на АБА лигата, која што не беше прифатена, но поразот од Мега што е втор во српската Суперлига беше премногу и за него и за црвено-белите.

Останува отворено прашањето – дали кога ќе го победиш Реал во Мадрид си добар тренер, а кога ќе загубиш од српска екипа си лош тренер, без разлика на околностите што довеле до ваквите настани?

И уште едно прашање кое што ќе си го постават многу млади стручњаци кои што ги почнуваат кариерите – како да се стекне искуство, ако не преку порази, дали треба човек „да се нафати да си игра со скапи играчки“?

Ова е сооптението на српскиот шампион:

„КК Црвена звезда ја информира јавноста дека Душан АЛимпијевиќ од понеделник (07.05.2018) веќе не е тренер на нашата екипа. Клубот и тренерот се разделија спогодбено.

Екипата ќе ја води Миленко Топиќ кој што беше во улога на помошник.

Алимпијевиќ беше на клупата на 69 натпревари, имаше 11 победи во Евролига, три порази во регуларниот дел на АБА лигата и прво место во регионалното натпреварување.

КК Црвена звезда му посакува на Душан Алимпијевиќ многу среќа и успех во понатамошниот тек на тренерската кариера.“ – стои во соопштението на официјалната веб-страна на оваа екипа.

Звезда ги загуби српскиот Куп и АБА лигата, најверојатно и учеството во Евролига следната сезона, ако Будуќност ги исполни сите услови пропишани од премиерното европско клупско натпреварување.

Во српскиот шампионат игра во Суперлигата, во Групата А и тоа е единствениот фронт на кој што може, ако ја одбрани титулата, да спаси нешто од реномето што и остана сезонава.