ПОЧЕТНА А Репрезентација ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ: Нема укинување на одлуката, таа е конечна!

ОФИЦИЈАЛЕН СТАВ: Нема укинување на одлуката, таа е конечна!

сподели
mkf.mk

Суспензијата на Ненад Димитријевиќ стои и немаме никаква намера да ја повлекуваме или да ја преиначуваме. Одлуката помина низ сите филтри и ќе бидеме и повеќе од несериозни, ако одлука од Дисциплинската комисија, потоа верификувана од УО, се обидеме да ја негираме.

Одлуката за суспензија на Ненад Димитријевиќ доаѓа по пријава на селекторот на У20 селекцијата, Никола Василев кој што подготвувал програма со игра што ќе се темели токму на споменатиот играч, но овој изјавил дека нема да игра затоа што е повреден, а тренирал со топка во истиот период додека траеле подготовките на репрезентацијата.

Никола Василев (фото: mkf.mk)

Во Федерацијата се работи строго според статутарните определби, не е прекршен законот и доследно и прецизно ги почитуваме актите. Не можеме, ниту смееме врз база на мислења во јавноста, да негираме одлуки на експерти и на луѓе поставени да донесуваат одлуки.

Од последната седница на УО, кога беше донесена одлуката за суспензија на Ненад Димитријевиќ.
Аплицирајте веднаш за

Одлуката за суспензија на Ненад Димитријевиќ не беше никаква тајна, туку откако беше донесена, чекаше да бидат исполнети сите законски термини за евентуална жалба, а потоа да се свика составот на УО, со цел на наредната седница да се гласа за или против.

Федерацијата, во составот кој што во моментов ја води македонската кошарка, отсекогаш и посакувала и секогаш ќе и посакува само најдобро на македонската кошарка.

Во овој контекст сакаме да појасниме и дека пасошите на интернационалците ќе одат на ревизија, односно се бара законска можност да се повлечат државјанствата на оние кои што не ја оправдале довербата.

Во јавноста беше споменат Ричард Хендрикс, кој што на ЕП во Загреб 2015-та дојде во лоша форма, но потоа покажа како се брани еден национален дрес и е еден од најдобрите наши играчи во последните квалификациски натпревари.

МКФ не ги негира странците, или се обидува да му одземе на некого нешто што му следува, туку со оваа постапка сака да воведе ред во процедурата за издавање на македонски државјанства на спортисти, во случајов кошаркари, кои што навистина го заслужуваат тоа.

(Официјалан став на МКФ, по прашањата кои што се актуелни деновие.)