ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Остро предупредување за шампионот пред Купот

Остро предупредување за шампионот пред Купот

сподели

Работнички е еден од фаворитите за титулата во второто домашно натпреварување, но ќе мора многу посериозно да го сфати тимот на Куманово.

Во предиграта на четвртфиналниот меч од Купот, шампионот славеше со 88:79, но на седум минути пред крајот гостите беа во позиција да ја направат најголемата сензација оваа сезона во Првата лига.

Можеби нереално звучи тоа што во 27-мата минута Работнички имаше +17 (61:44), а само шест минути подоцна, по серијата од 25:6, Куманово поведе со 67:69. Пред крајот на третата почетокот на последната четвртина кумановци постигнаа 13 поени во низа и тотално го шокираа големиот фаворит.

Аплицирајте веднаш за

Но, Работнички има премногу искусни кошаркари за да дозволи големо изненадување. По второто водство на Куманово, од 69:71, домашните направија серија од 12:0 и на четири минути пред крајот поведе со 81:71. Тука повеќе немаше враќање за противникот кого го фати и нервоза во финишот, па со неколку технички грешки само си ја искомплицира работата.

Чавдар Костов и капитенот Димитар Мираковски беа најефикасни со по 19 поени, но Стајиќ оствари 11 асистенции, а Караџовски беше од огромна помош во финишот кога Работнички го зададе завршниот удар.

Сепак, убедливо најдобар играч на натпреварот беше плејмејкерот на Куманово, Думиќ кој постигна 22 поена, 11 асистенции и заработи девет лични грешки за индекс 30.

Работнички и Куманово ќе играат меѓу себе и на 15 февруари во Гевгелија, во четвртфиналето од Купот.