ПОЧЕТНА НБА (ВИДЕО) Орландо е „газда“ на Флорида

(ВИДЕО) Орландо е „газда“ на Флорида

сподели

Во големото дерби на Флорида, Орландо беше поуспешен од Мајами на гостински терен со 90:105. Меџик го искористи неиграњето на неколку значајни кошаркари кај домаќините, пред се нивниот најдобар играч Драгиќ и им го нанесе 12-от пораз сезонава.

Најрасположен за игра кај победникот беше Гордон со 20 поени и со 13 скока, а неговиот учинок го надополнија Вучевиќ и Рос со по 19 постигнати поени. Кај домашниот тим, најпрецизен беше Винслоу со 14 поени.

Аплицирајте веднаш за

Дончиќ се врати во составот на Далас, по пауза од еден натпревар поради болест. Словенецот блескаше на теренот и со 21 поен ги предводеше Маверикс до нова победа, 8-ма во низа на домашен терен, против Портланд со 111:102. Кај гостите, најефикасен беше Лилард со 33 поени.

Индијана на домашен паркет го совлада Чикаго со 96:90, Јута забележа убедлив триумф од 139:105 над сезонава очајните Спарс, за кои ова беше 13-ти пораз. За Сан Антонио, ова е убедливо најлошиот старт на една сезона, во ерата на тренерот Грег Поповиќ.

За одбележување е и гостинската победа на Сакраменто, над Феникс, со 105:122. Санс, предводени од екс-словенечкиот селектор Игор Кокошков, остануваат заковани на дното во Западната конференција и имаат најлош скор сезонава во лигата, со 4 победи и со 20 порази.