ПОЧЕТНА ЕВРОПА Олимпија до првиот трофеј сезонава

Олимпија до првиот трофеј сезонава

сподели
фото: legabasket.it, M.Ceretti / Ciamillo-Castoria

Актуелниот шампион на Италија победи во првото финале од новата натпреварувачка година, што е најава за новата сезона во палаканестро Серија А.

legabasket.it

Во првиот меч за трофеите во италијанската кошарка, тимот од градот на модата славеше против Фиат Торино со 71:82.

legabasket.it

Владимир Мицов е МВП на турнирот, а финалето го заврши со 17 поени, додека Артурас Гудаитис имаше дабл-дабл учинок со 17 поени и 10 скока.

Аплицирајте веднаш за

Двоцифрен во учинокот беше и српскиот интернационалец Немања Недовиќ, кој што додаде 14 поени со 3 скока и 3 асистенции за победникот.

Wikipedia

Кај поразената екипа, Тони Кар имаше 15 поени со 5 скока.

Првенството на Италија почнува в недела, а Олимпија ја почнува одбраната на титулата против Бриндизи.