ПОЧЕТНА Балкански лиги Олимпијакос се договори со Блат

Олимпијакос се договори со Блат

сподели

Поранешниот тренер на Кливленд Кавалирс и освојувач на Евролигата со Макаби ќе го води тимот од Пиреја.

Грчките медиуми објавија дека е постигнат договор меѓу раководството на Олимпијакос и Дејвид Блат според кој израелско-американскиот стручњак ќе биде тренер на “црвено-белите” во следните две сезони за вкупна плата од 1,7 милиони евра.

Блат се сели во Грција од Турција, односно од тимот на Дарушафака со кој ја освои титулата во Еврокупот и ја однесе во Евролигата.

Аплицирајте веднаш за

Во конкуренција за неговиот потпис беа неколку европски гиганти меѓу кои и поранешниот клуб ЦСКА Москва. Сепак, Итудис ја доби довербата на челниците, па Блат ја прифати понудата од Олимпијакос.